Врсничка обука: Европските младински цели и „мирот што недостасува“

Во периодот од 5.10. до 12.10.2026 година, во Скопје и Струга, Волонтерски Центар Скопје беше домаќин на нашата врсничка обука, како прва мобилност во рамките на проектот од Клучната Акција-2 насловен како „Иднината од минатото на Европа“.

Овој проект и нашата врсничка обука, обединија младински организации и локални институции од цела Европа со цел зајакнување на младинската работа преку неформално учење за историјата, активно граѓанство и градење мир. Заедно истражувавме како младите луѓе можат да одговорат на денешните предизвици, како и влијанијата од војната во Украина, истовремено промовирајќи ги европските вредности, инклузијата и Европските младински цели. Ги посетивме младинските центри во Карпош, Гостивар и Охрид, како и Меморијалниот Центар на холокаустот, Музејот на македонската борба за независност и Музејот на Македонија во Скопје.

Преку врсничко учење и меѓународна соработка, партнерите и учесниците вклучени во проектот стекнаа нови вештини, развија практични ресурси и придонесоа кон проширување на мрежата од организации кои работат на создавање поинклузивни пристапи – прилагодени за младите – кон културата на сеќавање, граѓанското образование и мирот. Партнери се: Memos e.V. | Германија, Stadt Nürnberg Jugendamt | Германија, Szlak Wyzwolenia Polska | Полска и Волонтерски центар Скопје | Македонија

Автор: Волонтерски центар Скопје