Првата национална мрежа на граѓански организации во Северна Македонија беше основана во Фебруари 2024 година, преку иницијативата и поддршката на АЛДА за Балканот (Европска асоцијација за локална демократија)..
Македонската мрежа на Фондацијата Ана Линд претставува дел од пошироката Евро-Медитеранска заедница составена од 43 земји членки на Унијата за Медитеранот (UfM) и 43 национални мрежи кои заедно работат на зајакнување на меѓукултурниот дијалог, граѓанската партиципација и соработката меѓу заедниците.
Мрежата има за цел да одржува добро избалансиран и разновиден профил на македонскиот граѓански сектор, опфаќајќи организации од различни области, академи и медиуми со цел да се:
обезбеди комплементарност,
поттикнува меѓусебно разбирање,
охрабруваат партиципативни и инклузивни пристапи,
и зајакне граѓанската улога во локалните заедници.
Примарната мисија на мрежата е да промовира добро управување и активно учество на граѓаните на локално, национално и регионално ниво, со особен фокус кон поширокиот Западнобалкански и Евро-Медитерански контекст.
За постигнување на овие цели, координаторот на мрежата и нејзините членови се посветени на развивање и имплементација на стратегии кои:
поттикнуваат практични и одржливи пристапи,
овозможуваат размена на искуства
ја зајакнуваат улогата, видливоста и капацитетите на организациите членки.
Цели и стратешки приоритети
Да служи како платформа за дебата, дијалог и размена меѓу македонските организации и академски институции за меѓукултурни прашања.
Да придонесе во развојот на приоритетите и програмите на Фондацијата Ана Линд на регионално ниво.
Да го зајакнува соработничкиот дух меѓу членовите на национално ниво, во согласност со развојниот план на Мрежата.
Да поддржува иницијативи и проекти кои промовираат меѓукултурен дијалог и вмрежување во Евро-Медитеранскиот регион.
Да поттикнува соработка со другите национални АЛФ мрежи, како и со релевантни локални и регионални актери.
Да служи како врска помеѓу АЛФ и локалниот граѓански сектор, застапувајќи ги потребите и перспективите на членовите.