ЧЛЕНОВИ НА МРЕЖАТА
УПРАВЕН ОДБОР
-
АЛДА Балкан
АЛДА Балкан е подружница на АЛДА - Европска асоцијација за локална демократија. АЛДА е глобален сојуз на локални и регионални власти и чинители на граѓанското општество кои работат заедно со партиципативен пристап за еластични, инклузивни и одржливи заедници.
-
ЕВРОТИНК
Евротинк е организација посветена на европеизација на македонското општество и брз пристап кон земјата во ЕУ. Организацијата го следи процесот на пристапување со примарен фокус на работа во следните области: Правда, слобода и безбедност, пристапување во ЕУ, Европа за граѓаните и регионална интеграција.
-
Балканскиот институт за регионална соработка
Балканскиот институт за регионална соработка има за цел да создаде прогресивни регионални вредности преку воспоставување мостови на соработка, промовирање на меѓусебното знаење и борба против предрасудите на Балканот
-
ЕСТИМА
ЕСТИМА има мисија да го постави и развие првиот глобално признат бренд на знаење во земјата и поширокиот регион. Се стреми да ги оспори постоечките стандарди во областа на создавање и размена на знаење и да дефинира нови.
-
РУРАЛНА КОАЛИЦИЈА
Рурална коалиција има мисија да преку директна поддршка ги унапредува условите во руралните средини за воспоставување одржливи семејни земјоделски стопанства, градење на капацитети, придонес кон рамномерен регионален развој и учество во креирање на локалната и националната аграрна политика.
-
ЕВРОПСКО ДВИЖЕЊЕ
Европското движење во Република Северна Македонија е дел од Меѓународното европско движење кое обединува многу национални, регионални и локални организации без оглед на различните политички идеи. ЕММК континуирано работи на афирмација на евроинтегративните процеси во Република Северна Македонија и на афирмацијата на државата во рамките на европскиот јавен простор.
-
ЗДРУЖЕНИЕ НА ФИНАНСИСКИ РАБОТНИЦИ
Здружението на финансиски работници има за цел да го зголеми професионализмот на финансиските работници во општините ширум Македонија, обезбеди форум за ширење на информации за споделување и решавање на прашањата и проблемите со кои општините најчесто се соочуваат и да служи како застапник за промовирање на интересите на општините во врска со фискалните и буџетските прашања во однос на централната власт.
ЧЛЕНКИ
-
СЕГА
СЕГА работи на развој и имплементација на младински политики на локално и национално ниво, ги поврзува и зајакнува младинските организации кои имаат за цел да ги активираат младите и да ги подобрат условите за нивен личен и професионален развој
-
ВОЛОНТЕРСКИ ЦЕНТАР СКОПЈЕ
Главна цел на Волонтерски Центар Скопје е да им даде неформални образовни можности на младите луѓе, во различни области, како на локално така и на меѓународно ниво. Тие се стремат да придонесат за мултикултурно граѓанско општество, да ги зајакнат постоечките демократски структури, да ги поддржат младите во развојот на нивните индивидуални способности и вештини и да поттикнат поблиска соработка меѓу младите
-
ЛОКОМОТИВА
Локомотива има за цел да го прошири пристапот на граѓаните до уметничките и културните активности, практики и процеси и да влијае на развојот и поддршката на современата, динамична уметност и култура како поттик за развој на демократско општество.
-
МРЕЖА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ
Мрежата за рурален развој создава центар за взаемно учење и соработка кој придонесува кон одржлив развој на руралните области преку мобилизација на локалните ресурси и знаење. Центарот нуди простор за поврзување на земјоделството со природата, наследството со иновацијата, храната со здравјето и граѓанското општество со политиката.
-
ИНСТИТУТ ЗА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА
Институтот за европска политик има мисијад а обезбеди здрава основа за дебата и решенија, насочени кон носителите на одлуки и пошироката јавност, преку висококвалитетни истражувања и предлози за европската политика.
-
АРНО
АРНО развива и поддржува социјална иновација преку дизајнирање на нови опции и различни социјални иницијативи, кои ги развиваат активни, независни граѓани кои дејствуваат заедно и придонесуваат кон развој на заедницата и позитивните општествени промени.
-
ЦЕНТАР ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЦАТА
Ценатрот за одржлив развоја на заедницата има мисија да го подобри квалитетот на животот во регионот преку здружување на граѓаните, здруженијата, бизнисот и локална самоуправа за промовирање на одржлива животна средина, добро управување и младинската акција преку дијалог и локална активност.
-
BETTER WOMEN BETTER WORLD
Better women better world е првата интерактивна македонска дигитална платформа која целосно и на различни начини го подобрува животот на жените на сите полиња. Оваа платформа е основа на стручни совети и препораки, дискусии, работилници и настани.
-
HORIZON CIVITAS
HORIZON CIVITAS има мисија да го зајакне граѓанскиот ангажман, да го зајакне нивото на демократија во општеството и да помогне во целосно спроведување на слободите и човековите права.
-
НВО ИНФОЦЕНТАР
Фондацијата посветено работи на создавање култура на континуирано и проактивно учество на граѓаните во политичките и општествените процеси преку постојана едукација и еманципација, како и преку јавно застапување. Организацијата се стреми да придонесе кон развиено и слободно демократско општество засновано на владеење на правото и почитување на човековите права, општество на просветени и проактивни граѓани кои живеат во благосостојба и негуваат достоинство, еднаквост, солидарност и правичност.
-
БИЛКИЛАЈФ
Билкилајф е центар за одржлив развој, преку хербализам и искористување на неговиот потенцијал за туристички и економски цели, социјално претприемништво циркуларна економија и инклузивност. Нивните активности се насочени кон рурален развој преку хербалниот туризам, со нови иновативни форми, создавање туристичка понуда за сите граѓани, кои ќе можат да ги користат придобивките од лековитите билки и шумски плодови, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, преку рекреативна тура за лица со попреченост со лековити билки, прва од ваков вид на нашите простори, со подвижни хербални градини.
-
НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ ЗА РОДОВНА РАМНОПРАВНОСТ
НСРР е национална мултиетничка, мултигенерациска, креативна мрежа ,ориентирана кон иднината - организација со членство посветена на постигнување родова рамноправност, развој, заштита на женските/човекови права и мир. Национален совет за родова рамноправност е основана во октомври 1994 година и прерасна во една од најголемите женски мрежи во Република Северна Македонија
-
ЛОЕСЈЕ БИТОЛА
Здружението за едукација и мобилиност ЛОЕСЈЕ Битола е активен центар на национално и меѓународно ниво. Работат во делот на човековите права и дискриминација, инклузија и меѓуетничка толеранција преку работилници кои го користат познатиот метод на Лоесје креативно пишување. Слободата на говор како и средство за активизам се постерите со креативни мисли кои ги креираат на многу јазици и ги распространуваат ширум светот.
-
ЕДУ АКТИВ ПЛУС
Еду актив плус е граѓанска организација која се залага за креирање на јавно мислење и политики во образованието и социјалната инклузија. Нивната цел е да го подобрат квалитетот на животот и пристапот до правата на сите деца во училиштето каде што работат, со посебен акцент на децата Роми, децата со посебни потреби и социјално загрозените деца. Нивната мисија е развој и имплементација на проекти во различни области, вклучувајќи ги сите граѓани без оглед на пол, возраст, религија, националност и попреченост.
-
InSoC
InSoC е формирано во март 2009 година на Институтот за активисти на неколку невладини организации кои работат на прашања поврзани со Ромите од Република Северна Македонија. Членството во InSoC е на доброволна основа и членовите се добро познати како активисти на граѓанското општество и искусни на локално ниво. Станува збор за активисти кои имаат многу години зад себе искуство и други видови активности поврзани со развојот на ромската заедница.
-
ЦЕТ ПЛАТФОРМА
ЦЕТ е доброволно, непрофитно и невладино здружение на граѓани чија визија е остварување на поширок општствен интерес, делување и остварување на цели во областите на граѓанското општество, демократскиот поредок и институции, граѓанските вредности, човековите права, медиумите, неформалното образование и ранливите категории на граѓани во општеството. Преку својата работа, се обидува да го стимулира личниот, професионален и општествен развој на младите, како и да поттикне нивно активно и одговорно учество во општествените, културни, политички, образовни и економски процеси.
-
ЉУБЕЗНОСТ
Здружението на граѓани Љубезност дава помош и поддршка на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци преку реализирање на активности за социјална, правна, психолошка и медицинска поддршка, како што се вадење на лична документација, посредување за вработување, поддршка во остварување на социјални трансфери, сместување на бездомници, планирање на лични финансии, психолошка и медицинска помош, плаќање на сметки за струја и вода, мали поправки и санации во домовите, донација на храна, хигиена и лекарства
-
ГЛАСОТ ОД ТИШИНАТА
Гласот од тишината е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и подигнувањето на јавната свест за лицата со попреченост, разработување на форми и методи за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка. Визија на здружението е создавање на препознатлив и достапен центар кој ќе пружа психолошка помош, психотерапија и едукација.
-
BRIGHT SKY
Организацијата Bright Sky има за цел да ги заштити човековите права, градењето мир, квалитетното образование и екологијата.
-
Жена Делчево
Организација ЖЕНА Делчево ги гради капацитетите на жените, младите и маргинализираните и ранливи групи преку едукација, информирање и граѓански акции во сите области на општественото живеење за градење на еднакви можности на локално и регионално ниво.
-
Центар за истражување и креирање политики - ЦИКП
ЦИКП е невладина организација основана во 2004 година која се фокусира на анализа и на подобрување на законите со цел да се вклучат граѓаните во процесот на креирање политики.ЦИКП има реализирано над 200 истражувачки проекти, а од 2011 година го префрли својот фокус и станува водечки тинк-тенк во Западен Балкан. Организацијата има работено со бројни партнери и клиенти, вклучувајќи ги ЕУ, Светската банка, УНДП и ОБСЕ, и има произведено на меѓународно признати политички студии и извештаи. Истражувачките активности на организацијата се фокусирани на различни теми, вклучувајќи миграции, родово одговорно буџетирање, економија, управување и социјална вклученост.
-
ДРЕНКА
Здружението Дренка поттикнува иницијативи за одржлив локален и рурален развој и учествува во градењето на јавното мислење и креирањето политики во областа на доброто владеење и развојот на интегриран и мултисекторски стратешки пристап, преку зајакнување на локалната конкурентност и иновативност и промовирање на одржливи практики.
-
Гоу Грин
Гоу Грин е здружение за одржлив развој и заштита на животната средина основано на 01.02.2010 година во Скопје. Нивната мисија е да развиваат вредности и принципи за одржлив развој и да овозможуваат образование и практични решенија за заштита на животната средина. Сакаат да влијаат врз формалното и неформалното образование за поголемо интегрирање на климатските промени и одржливиот развој во образовните програми. Работат за да им овозможат поддршка на ранливите групи со знаење, вештини, работни места во зелената економија.
-
СФЕРА Интернешнал - Битола
Здружението за одржлив развој СФЕРА Интернешнал - Битола има мисија да ја подигне свеста и да ги едуцира граѓаните на С. Македонија за заштита на животната средина, културна свест, здрав начин на живот, развој на младите, спорт, уметност и активно учество преку користење на методи на неформално образование.
-
My Mobility
My Mobility е невладина организација основана во 2021 година во Тетово, Северна Македонија. Ние сме посветени на промовирање на мобилност, инклузија и образование, особено за обесправени групи.
-
ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
Европски Универзитет Скопје е приватна високообразовна установа која што реализира студии од прв и втор циклус во повеќе научни области.
-
Институт за применети истражувања за бизнис
Научниот Институт за применети истражувања за бизнис е научно-истражувачка и консултантска установа чија основна цел е преку вмрежување на применети истражувања од областа на економските, организационите, правните и инженерските науки, и со балансирање на истите со заштитата и економијата на животната средина, континуирано да придонесува за унапредување на потребите на бизнисот во современото општество.
-
Центар за Едукативен и Културен Развој РАЦИО-Скопје
Нивната мисија е да ги мотивираат граѓаните, без разлика на нивната етничка припадност, пол или раса, заеднички да се активираат како организирано општество со цел да се изгради граѓанско општество во Република Македонија и пошироко; да преземат поактивна улога во создавањето на подобра иднина и подобри услови за дејствување преку учество во процесите на одлучување; да се овозможи директен пристап кон образованието и грижата за културните вредности на сите граѓани во нашата земја.
-
ЗГ ДОВЕРБА КУМАНОВО
Здружението Доверба – Куманово е посветено на обезбедување психосоцијална поддршка и промоција на ненасилна комуникација во заедницата. Здружението спроведува психоедукативни работилници, обуки за медијатори и програми за превенција на насилство. Исто така, активно работи на меѓуетничка интеграција и социјална инклузија преку проекти кои ги поврзуваат различните етнички заедници.
-
ЛАГ АГРО ЛИДЕР
Мисијата на ЛАГ Агро Лидер Кривогаштани е да промовира и да придонесе кон одржлив рурален развој на територијата на општините Кривогаштани, Долнени и Крушево преку иницијативи, партнерства и користење на постоечкиот ендоген потенцијал
-
Младински сојуз Крушево
Младинска организација која поттикнува динамично општество со активно организирање, ангажирање и учество на младите луѓе, охрабрува младинска поддршка на ЕУ интеграцијата на ЈИЕ, ги промовира современите Европски вредности, како и поддржува нови начини на изразување на ставовите на младите луѓе.
-
INNOX
Центарот за технологија и иновации Иннокс се наоѓа во динамично опкружување во рамките на екосистемот на Меѓународниот балкански универзитет; тоа е најновиот технолошки центар за иновации, претприемништво и развој во Скопје и околните региони на стартап сцена. Посветени сме на забрзување на растот на бизнисот, поттикнување на креативноста и правење на регионот во фокусна точка на интерес во динамичниот иновативен центар на Балканот.
-
Мој социјален работник
Советување и информации за начинот на остварување на правата од доменот на социјалната заштита
-
Едукаминд
Едукаминд е здружение на граѓани за подобро образование и градење вештини. Здружението вклучува 5 членови од одделение за образование. Здружението нема свое средства и ќе добива средства од проекти, донации, само- финансирање, заедници и од други институции, локални влади, давање услуги на други здруженија, тргување друштва и други правни лица; организации и институција. Семинари, обуки, размена на добри практики, проектите се дел од нашата основна дејност. Ние градиме партнерски односи со владини институции, локални власти, локални и меѓународни организации, училишта од Европа и пошироко, здруженија, невладини организации, други здруженија.
-
Нов Колегиум
Здружението за демократија и просперитет НОВО КОЛЕГИУМ Битола е невладина организација, непартиски и непрофитни, чија основна цел е да презема активности од областа на образованието, слободи и граѓански права, развој на едно општество демократски, меѓуетнички односи. и родова еднаквост меѓу мажите и жените, заштитата на децата, младите и постари лица и други задачи и цели од природата хуманитарен.
-
Институт за лидерство и јавни политики
Нивната мисија е мисија е да ги поддржат националните институции и засегнатите страни преку обезбедување на веродостојни истражувања и применливи препораки за политики кои одговараат на потребите и предизвиците на нивните целни групи. Ова го постигнуваат преку истражувачки анализи, обуки за стекнување вештини, развој на лидерство и унапредување на знаењето, со цел подобрување на квалитетот на животот на двете клучни заедници во општеството – младите и жените, кои се стремат кон достоинствена иднина за сите.
-
ПОРАКА НОВА
Порака Нова е посветена на поттикнување на инклузивно општество преку обезбедување основни услуги и ресурси прилагодени на потребите на лицата со попреченост, нивните семејства, маргинализираните и недоволно застапените заедници, младите и групите кои се залагаат за различност, еднаквост и инклузија. Порака Нова обезбедува сеопфатен спектар на услуги кои се наменети за сите целни групи во рамките на организацијата, активно работејќи кон остварување на својата визија, мисија и цели. Преку овие услуги, Порака Нова ја зајакнува својата посветеност кон поттикнување на инклузијата, јакнењето и социјалната иновација низ своите програми.
-
Преспа Институт
Институтот ПРЕСПА е независен тинк-тенк со седиште во Скопје, Северна Македонија, посветен на проучување, истражување и анализа на меѓународните односи и надворешната политика, како и на европските прашања и европеизацијата. Институтот се стреми да промовира знаења за актуелната состојба во Северна Македонија и Западен Балкан и да учествува во дебатата и генерирањето идеи на европско ниво.
-
Алијанса за родова еднаквост на работното место - GEA
Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, иницирана од Асоцијацијата за е-трговија на С.Македонија (АЕТСМ), работи кон создавање на инклузивна култура, еднаквост и отклучување на моќната синергија помеѓу дигитализацијата, е-трговијата и жените. Алијансата е препознаена и како commitment maker за родова еднаквост при UN Women, и активно придонесува кон исполнување на целта за одржлив развој SDG 5 – Родова еднаквост.
-
Здружение за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ - Битола
Здружение за меѓународна младинска соработка
-
Канал 77
Канал 77 како професионален медиум и општествено одговорна компанија поттикнува граѓанско новинарство. Новинарите и водителите го поттикнуваат цивилното општество да споделува информации за настани за кои смета дека се од јавен интерес. Со ова, Канал 77 придонесува за зголемување на јавната свест, но и совесност за општествените случувања како што му доликува на еден национален медиум кој 29 години и’ служи на својата публика.
-
Млади од семејна разновидност
Граѓанска организација предводена од млади, посветена на унапредување на правата, јакнењето и благосостојбата на младите луѓе кои доаѓаат од социјално ранливи и нетрадиционални семејни структури. Основана со верувањето дека секој млад човек заслужува еднакви можности без оглед на неговото семејно потекло, организацијата работи на решавање на системските бариери со кои се соочуваат семејствата со еден родител, згрижувачките и посвоителските семејства, децата без родителска грижа и младите кои растат во услови на социјална или економска нестабилност.
-
Western Balkan Startup Alliance (WBSA)
Западнобалканската стартап алијанса (WBSA) е регионална мрежа на клучни актери во екосистемот на стартапи, вклучувајќи професионални центри, акцелератори и организации водени од иновации низ целиот Западен Балкан. WBSA поттикнува соработка, поддржува иновативни претприемачи и го забрзува економскиот, социјалниот и одржливиот развој преку заеднички регионални напори.
Со промовирање на обединет регионален глас, ги поврзуваме стартапите, инвеститорите и градителите на екосистеми, а воедно го правиме регионот повидлив и попривлечен за меѓународните партнери. WBSA служи како доверлива платформа за размена на знаење, застапување на политики, заеднички програми и стратешки партнерства што ја обликуваат иднината на иновациите во Западен Балкан.
-
Центар за климатски промени
Организацијата има главна канцеларија во Гевгелија и филијали/претставништва во Скопјe и Охрид. Центарот работи на проекти и иницијативи поврзани со енергетска ефикасност, интеграција на обновливи извори на енергија, зелена транзиција, праведна транзиција, климатска отпорност на локално ниво и јавна свест и застапување на политики. Соработуваме со различни засегнати страни: единици на локалната самоуправа (ЕЛС), организации на граѓанското општество (ГО), индустрија, а исто така работиме и на влијание врз рамките на политиките. Тимот вклучува професионалци со искуство во машинството, енергетиката и животната средина, истражувачи со значително искуство во енергетскиот сектор, централното греење и академски улоги.
-
ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Граѓанска организација која работи на развој на демократијата во општеството, преку вклучување на ранливи групи лица во социо-економскиот развој, во согласност со вредностите на ЕУ.
Посветеност во развојот, едукација на граѓаните, нивната информираност, заштита на основните човекови слободи и права, како и изнаоѓање решенија во соработка со јавниот и деловниот сектор за подобрување на положбата и благосостојбата на луѓето.
-
АТРИУМ
„Атриум“ е уметничка истражувачка продукција со седиште во Скопје, основана во декември 2021 година. Со фокус на социјално ангажирани проекти, колективот стекнал искуство преку соработки во рамките на локалната и регионалната уметничка сцена, развивајќи партиципативни формати и користејќи ги изведувачките и аудиовизуелните уметности како алатки за критичка еманципација и културна трансформација.
-
Sunshine Kids
Основана во ноември 2022 година, „Саншајн Кидс“ е жива и амбициозна организација на граѓанското општество посветена на создавање трајно влијание врз животите на поединците и заедниците. Сместена во културно разновиден регион, нашата организација обединува тим од три страствени едукатори - двајца наставници по англиски јазик и еден наставник по компјутерски студии - кои се посветени на решавање на широк спектар на итни прашања, од образование за возрасни и права на жените до развој на учениците и сајбер-безбедност и прашања поврзани со животната средина. Нашите членови се силно решени со учество во различни форми на образовни проекти.
-
The Arteprenuers Society Skopje
независна културна и креативна платформа официјално основана на 23 јануари 2026 година. Иако е новорегистрирана во правна смисла, организацијата е основана од добро етаблирани уметници и културни практичари со богато искуство во уметничко производство, фестивали, партиципативни проекти и меѓународна културна соработка.
Модалитетите на дејствување вклучуваат партиципативни проекти за поезија и раскажување приказни, фестивали, продукција на документарни филмови, работилници, семинари и меѓукултурни размени.