Средба со граѓанскиот сектор за поттикнување на соработка, вмрежување и нови иницијативи

На 5 ноември 2025 година, во хотел „Панорамика“ во Скопје, АЛДА за Балканот организираше средба со невладини организации од различни општествени области, со цел зајакнување на соработката, размена на искуства и иницирање на заеднички проекти.Настанот беше насочен кон размена на искуства и поттикнување на нови партнерства меѓу организациите.

Во рамките на средбата, Симона Славкова, координаторка на Македонската мрежа на Фондацијата Ана Линд, ја презентираше работата, мисијата и можности кои Фондацијата ги нуди за организации, млади, активисти и локални иницијативи. Таа се осврна на важноста од градење долгорочни партнерства, учество во регионални програми и развивање иницијативи што го поттикнуваат интеркултурниот дијалог, инклузијата и зајакнувањето на локалните заедници.

Извор: АЛДА за Балканот

Средбата беше збогатена и со присуството на Н.Е. г. Кристоф Ле Риголеур, Амбасадор на Франција во Северна Македонија и г-ѓа Мелани Малинво, Француска агенција за развој (AFD) , со кои беше отворена дискусија за можностите за поддршка на граѓански иницијативи, преку финансирање на програмски активности, техничка поддршка и создавање партнерства помеѓу институциите и граѓанските организации.

Присутните организации имаа можност да споделат примери на успешни практики, идеи за идни активности и предизвици со кои се соочуваат во нивното делување. Ова создаде плодна основа за иницирање идни заеднички проекти на национално и регионално ниво.

АЛДА за Балканот продолжува да работи на јакнење на граѓанскиот сектор преку поддршка на локални и регионални актери, создавање можности за учество во европски и регионални процеси и градење мостови помеѓу заедниците.

Автор: Симона Славкова (АЛДА за Блаканот)

ГАЛЕРИЈА