
Состанок на координаторите на националните мрежи на Фондацијата Ана Линд во Тирана
На 20 и 21 јуни 2025 година, во Тирана се одржа редовниот состанок на координаторите на националните мрежи на Фондацијата Ана Линд. Оваа година, домаќин на состанокот беше Албанија, која веднаш по завршувањето на АЛФорумот ја отвори вратата за уште еден значаен настан во рамките на евро-медитеранската соработка.
Состанокот започна со инспиративни воведни обраќања, меѓу кои и поздравното обраќање на Нејзиното кралско височество, принцезата Рим Али. Нејзиното обраќање ја истакна важноста на мрежите во градењето доверба, разбирање и стабилност меѓу народите од двата брега.
Извор: АЛДА ЗА БАЛКАНОТ
На агендата на состанок се најдоа неколку клучни теми поврзани со функционирањето на националните мрежи и стратешкиот развој на Фондацијата. Се разговараше за:
Главните заклучоци и поуки од АЛФорумот 2025, со фокус на потребата од поголема вклученост на граѓанските организации во создавање инклузивни општества;
Новитетите во рамките на шемата за ангажман на мрежите, со цел подобрување на координацијата и учеството на членките;
Програмата за работа на Фондацијата „Ана Линд“ за периодот 2025–2028 година, која вклучува нови приоритети, подобрени механизми за поддршка и јасни насоки за идниот развој на мрежната структура.
Состанокот претставуваше и можност за вмрежување меѓу координаторите, размена на искуства и дефинирање на заеднички предизвици и цели. Преку оваа средба, се зајакнува партнерството меѓу националните мрежи и се создава основа за поефективна регионална и меѓународна соработка во годините што следат.
Автор: Симона Славкова АЛДА за Балканот