Годишниот состанок на координаторите и Евро-медитернаска конференција во Барселона

На 24 и 25 ноември во Барселона се одржа годишниот состанок на координаторите на националните мрежи на Ана Линд Фондација кој ги собра претставниците на повеќе од 30 граѓански мрежи од евро-медитеранскиот регион. Настанот беше посветен на размена на искуства, продлабочување на меѓусебната соработка и заедничко планирање на активностите за 2026 година.

Во име на АЛДА за Балканот, како национален координатор на македонската мрежа, учество зема Симона Славкова. На состанокот беа отворени клучни теми поврзани со улогата на граѓанското општество во регионот, младинската ангажираност, справувањето со дезинформации и унапредувањето на интеркултурниот дијалог.

Извор: АЛДА за Балканот

По состанокот, Симона Славкова учествуваше и на Euro-Mediterranean Civil Society Conference 2025, организирана од IEMed и Union for the Mediterranean, како дел од одбележувањето на 30-годишнината од Барселонскиот процес. Првите сесии на конференцијата се фокусираа на јакнењето на партнерството со граѓанскиот сектор, заедничката визија за поинклузивен Медитеран и централната улога на граѓанското општество во новиот Медитерански Пакт

Автор: Симона Славкова (АЛДА за Блаканот)

ГАЛЕРИЈА