 
        
        
      
    
    Работилница на Преспанското Езеро – проект FATE
На 14 октомври 2025 година, во рамките на проектот FATE – From Adventure To Employment, организиравме инспиративна работилница на Преспанското Езеро со околу 20 млади учесници. Настанот ги обедини младите луѓе со цел да учат, да дејствуваат и да споделуваат идеи за заштита на животната средина.
Работилницата беше насочена кон подигнување на свесноста за еколошките предизвици со кои се соочува Преспанското Езеро и поттикнување на младинската вклученост во
заштитата на природата. Учесниците се вклучија во различни активности, меѓу кои дебата, акција за чистење на плажата, како и креативни сесии – цртање и создавање мали
екосистеми инспирирани од природата. Овој настан е дел од проектот Erasmus+ KA2 FATE (бр. 2024-1-FI01-KA220-YOU- 000244283), финансиран од Европската Унија.
Автор: СФЕРА Интернешнал,
 
                         
            
              
            
            
          
              