ПРЕСПА МИТ ФЕСТИВАЛ

На 11, 12 и 13 јули 2025 година, во Преспа се одржа овогодинешното и осмо по ред, издание на “Запознај ја Преспа” фестивалот, кој е создаден за да ги спои музиката, уметноста, гастрономијата и животот на три различни култури, кои припаѓаат на три различни држави – Северна Македонија, Грција и Албанија.

Фестивалот беше со слободен влез и отворен за посета на 11 јули во 20 часот, во селото Брајчино со старт преку поетска изведба на Тихомир Јанчовски и Бранислав Николов - Фолтин, со специјално гостување на Ана Костовска, а заврши со слушање на стари македонски хитови, за кои беше задолжена ДЈ Виолета Качакова.

Потоа, на 12 јули со почеток во 19 часот, па се до 04 часот наутро, фестивалот се започна со Street Food Festival во Ресен, продолжи со промоција на македонскиот превод на книга Монахот Калист од авторот Миливој М. Јовановиќ, и заврши со музичка трилатерална програма на електронска музика на плажата во Долно Дупени.

И како за крај, на 14 јули сите посетители на фестивалот можеа да уживаат во звукот на гитара, покрај реката во с. Брајчино, во комбинација со познатите брајчински котлиња.

Автор: Евротинк