Отворена општина – активна заедница

На 24-ти септември во Граѓанскиот ресурсен центар се одржа тематски форум “Отворена општина – активна заедница“, а во рамките на проектот „Дигитална трансформација на локално ниво (ДИГИЛОК) - Вклучена заедница за отпорност на корупција“ финансиран од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. На настанот беа презентирани најновите наоди од Индексот на отвореност на локалната самоуправа за 2025 година, со цел граѓаните да добијат увид дали и колку нивната општина е отворена и отчетна. Врз основа на овие сознанија базирани на факти, граѓаните ќе може да бараат нивна поголема вклученост во носењето на одлуки на локално ниво. Истовремено, беа презентирани и успесите од менторската поддршка обезбедена за девет општини во рамки на проектот, со акцент на зголемување на нивната отвореност и транспарентност. Дополнително, на настанот беа истакнати придобивките од дигиталната платформа мЗаедница како алатка за поголемо граѓанско учество со нова функционалност за онлајн консултации.

Автор: Рурална Коалиција