ОНЛАЈН НАСТАН НА МРЕЖАТА ИНФОРМАЦИИ, ПОВИЦИ И ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ

На 18 декември се одржа онлајн настан на македонската мрежата на Ана Линд Фондација. Настанот беше структуриран во два дела и обедини претставници на организациите членки околу важни теми поврзани со можностите на фондацијата и други програми и фондови за аплицирање.

Во првиот дел се одржа краток состанок на мрежата, на кој беа споделени информации за актуелните, минатите и идните повици на АЛФ, како и најавата за одржувањето на AgorALF во Кипар во 2026 година. Состанокот го водеше Симона Славкова, координаторка на мрежата, во име на АЛДА за Балканот, со фокус на навремено информирање и поголема вклученост на членките во активностите на Фондацијата.

Вториот дел од настанот беше посветен на јакнење на капацитетите на членките преку обука на тема „Практичен водич на можности за финансирање на локални организации“. Обуката ја водеше Берта Стојковска и понуди практични насоки, корисни совети и конкретни примери за пристапување до различни извори на финансирање.

Настанот придонесе кон подобро разбирање на можностите за развој и одржливост на локалните организации во рамки на АЛФ мрежата.

Автор: АЛДА за Балканот