
Успешно одржан онлајн настан на мрежата
На 14 мај 2025 година, преку платформата ZOOM, беше одржан онлајн настан во организација на координаторот на македонската мрежа на Фондацијата Ана Линд кој опфати две сесии насочени кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации.
Настанот започна со информативна сесија со Мохамед Хафез од секретаријатот на Фондацијата Ана Линд, кој даде преглед на актуелните активности на Фондацијата, можностите за вмрежување и регионална соработка, како и идните повици за поддршка на граѓански иницијативи.
Извор: АЛДА за Балканот
По инфо-сесијата следеше практичен тренинг на тема „Што можеме без грантови? Диверзификација на приходи за граѓански организации“, кој го одржа Марјан Ицоски, програмски директор во АРНО. Сесијата ги отвори прашањата за одржливост на организациите надвор од традиционалното донаторско финансирање.
Обуката се засноваше на партиципативна, искуствена и практична методологија, користејќи алатки како Mentimeter, студии на случај од работата на АРНО, дискусии за ризиците од зависност од грантови, како и работа со Canvas алатка за диверзификација на приходи.
Настанот заврши со отворена дискусија, размена на идеи и поставување прашања, при што учесниците добија и практични алатки за креирање сопствени стратегии за одржливост.
Автор: Симона Славкова (АЛДА за Блаканот)