Образование за Европа: Градење на иднината на европското граѓанство
Иднината на Европската Унија зависи од информирани, активни и обединети граѓани. Проектот European Citizenship Academy (ECA) повикува на посилна посветеност кон Образование кон Европа (Education to Europe, E2E) — сеопфатен пристап кој ја интегрира едукацијата за ЕУ во формалните и неформалните образовни средини.
Во текот на две години, партнерите на ECA проектот од неколку Европски земји меѓу кои и Порака Нова собираа сознанија, тестираа иновативни алатки и развиваа препораки за да го направат учењето за ЕУ подостапно, поинтересно и насочено кон акција. Резултатот —документ на политики(Policy Paper) — ја истакнува итната потреба за зајакнување на образованието за
европско граѓанство како темел на демократијата, кохезијата и одржливоста. Зошто E2E е важно:
Им овозможува на младите да ги разберат институциите на ЕУ, да донесуваат информирани одлуки и активно да учествуваат во демократскиот живот.
Поттикнува чувство на заеднички европски идентитет, заемно разбирање и социјална солидарност.
Ги опремува младите со глобална свесност, преносливи вештини и поголема вработливост во брзо менувачкиот свет.
Документот ги идентификува главните предизвици — од дезинформации и ниска доверба, до ограничени образовни ресурси и презентира добри практики кои преку игри, дигитални алатки искуствено учење ја приближуваат ЕУ до младите.
Повикот за акција е јасен: Креаторите на политики, едукаторите и младинските организации треба да соработуваат за да го вградат образованието за европско граѓанство во сите образовни
патеки. Ова значи вложување во обука на наставници, поттикнување мобилност иразмена, и поддршка на неформалното образование како мост кон инклузија и учество.
„Образованието кон Европа не е изборен предмет — тоа е стратешка инвестиција во отпорноста, демократијата и единството на нашиот континент.“
Повеќе инфо за целиот документ тука - https://myeurope.academy/policy-paper/
Автор: ПОРАКА НОВА