NFT со социјален импакт

Зајакнување на младите преку дигитална иновација! Креативната средба на партнерите од проектот SINFT, која се одржа од 20 до 24 октомври 2025 година во Рим, Италија, ги собра партнерите од цела Европа за заеднички да работат на развојот на онлајн модулите за учење на Social Impact NFT (SINFT). Во рамките на овој проект ќе биде креирана уникатна платформа за учење, каде онлајн курсевите ќе бидат интегрирани.

Овој петдневен настан претставуваше клучна активност во создавањето на отворениот онлајн курс (MOOC) чија цел е да ги оспособи младите да создаваат општествени промени преку дигитална иновација и NFT технологии.

За време на средбата, учесниците заедно работеа на:

• Ко-дизајнирање на интерактивни и инклузивни искуства за учење во рамки на SINFT MOOC;

• Унапредување на содржината и едукативниот пристап;

• Дефинирање на стратешката патека за претстојното лансирање на онлајн платформата SINFT.

Преку практични работилници и креативни сесии, партнерите истражуваа нови начини за поврзување на технологијата, образованието и општествениот импакт. Настанот овозможи и значајна размена на искуства, зајакнувајќи ја соработката меѓу европските организации посветени на оснажување на младите и дигитална трансформација. Порака Нова како координатор на проектот е особено горда на овој проект, кој има за целда ја обликуваа иднината на учењето со општествено влијание.

SINFT ќе им понуди на младите иновативни можности за учење, преку кои ќе можат да истражат како NFT технологијата и дигиталните алатки може да се користат за етички, одржливи и општествено одговорни иницијативи. Со напредокот на проектот, партнерите со ентузијазам работат на остварување на оваа визија — создавање достапна и современа образовна платформа за следната генерација млади креатори на промени.

Автор: ПОРАКА НОВА