
Националниот совет за родова рамноправност – сила што обединува жени и заедници
Националниот совет за родова рамноправност е организација што неуморно се стреми за постигнување подова рамноправност, развој, заштита на женските права и мир, уште од самото формирање во 1994 година. Организацијата претставува и координативна мрежа на над 60 локални формални и неформални женски организации и групи, кои делуваат во урбани и рурални средини низ целата држава.
Во изминатиов период, тимот на НСРР во соработка со своите партнери, беше дел од низа активности кои помогнаа не само да ја зајакнат мисијата, туку и навистина да се поврзе со жените и младите во локалните заедници. Почнувајќи од работилници, обуки, јавни дебати, па се до бесплатната СОС линиија која неуморно работи 24/7.
На хуманитарно ниво, беа организирани низа посети и донации во институции и домови за згрижување, каде покрај донациите облека и потребни пакети, беше дарувано внимание, грижа и поддршка.
Извор: НСРР
Успешно беа реализирани неколку работилници, меѓу кои работилница овозможи разговор за улогата на жените во секторите каде сè уште доминира машката улога. Додека, на тркалезните маси и креативните работилници во неколку рурални општини (со млади жени и локални претставници) се разговараше за климатските промени и нивното влијание врз секојдневието на жените.
Новоотворенатта канцеларија за советување и поддршка на жени жртви на семејно насилство со стручни тимови и 24/7 достапна СОС линија, претставува конкретен чекор кон поголема заштита, безбедност и охрабрување на жените да излезат од кругот на насилство.
Како дел од последните активности, се реализира и караван посветен на женското здравје. Преку директни средби со граѓанки од различни средини, настанот придонесе за зголемување на свесноста за важноста на редовната здравствена проверка и грижата за сопственото здравје.
Во време кога жените сè уште се соочуваат со нееднаквост, ограничен пристап до ресурси и дискриминација, ваквите активности претставуваат порака дека не се сами. Зад нив цврсто стои организација која ги поддржува.
Автор: НСРР