
Јавна дебата на Рурална Коалиција за наодите од првиот Локален извештај за состојбата со семејно, родово-базирано и сексуално насилство во општините во Југозападниот плански регион
Според официјалните меѓународни извештаи во нашата држава се пријавува само 2% од вкупниот број на случаи на семејно, родово-базирано и сексуално насилство.
Започнувајќи од Ковид периодот, па се до крајот на 2024 година дури двојно е зголемен бројот на пријави на семејно или родово-базирано насилство во општините во Југозападниот плански регион
Во 9-те општини во Југозападниот плански регион многу е мал број на пријавени случаи на сексуално насилство, а ако ги споредиме руралните и урбаните општини во Југозападниот плански регион , бројот на пријавени случаи на секаков вид на семејно и родово-базирано насилство е минимален особено во руралните средини што во никој случај не значи дека насилството го нема во овие средини
Сервисите/услугите треба да се развиваат, потребно е да се вложува и во превенцијата од семејно, родово-базирано и секусално насилство, да се јакне свеста во локалната заедница. Во исто време ние мора да вложуваме и во едукацијата, а потребно е да се зголемат и ресурсите кои што општините и државата ги издвојува за превенција и борба со семејното, родово-базирано и сексуално насилство. На јавната дебата учествуваа сите институции и засегнати страни во процесот од повеќе различни општини од Југозападниот плански регион.
Извор: Рурална Коалиција
Ова се само мал дел од информациите, препораките и заклучоците кои што беа споделени на јавната презентација на Извештајот за случаи на семејно, родово-базирано и сексуално насилство во општините од Југозападниот плански регион
Ваков извештај е за прв пат изработен во Југозападниот плански регион, а истиот Рурална Коалиција го изработи во рамките на проектот „ЗАЕДНО можеме повеќе: Активна локална заедница води активна борба против родово – базирано и сексуално насилство“, во рамки на акцијата „СЕ ГРИЖИМЕ: Заедно се бориме против сексуалното и родовото насилство “, финансирана од Европската Унија, а предводена од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
Автор: Рурална Коалиција